Според нив, време е за изразување должна почит преку доделување титули и награди за извонредност и заслуги за татковината на оние кои придонеле за нејзината неспорна афирмација ширум светот.
Директорката ја поздрави идејата за формирање на Национален совет за дијаспора којшто треба да обединува различни профили и престижни и докажани личности, изразувајќи спремност за соработка. Беше истакната нужноста од создавање и креирање на интегрирана база на податоци, односно регистар на најуспешните.
Обете сметаат дека дебирократизацијата на постапките за добивање македонски патни исправи и други документи, како и подобрувањето на дипломатско-конзуларните услуги се неопходен чекор за континуирана комуникација на татковината со дијаспората.
На средбата, директорката ја запозна претседателката за концептот на самитот ,,Македонија 2025″, како ретка можност за вмрежување, остварување на нови партнерства и соработка со потенцијални инвеститори.
Претседателката изрази подготвеност да биде и годинава покровителка на ,,Охрид камп за високо-технолошка извонредност” за деца од земјава и од дијаспората, со искрена желба да ја поддржи нивната креативност, ум, знаење и иновација.
Соговорничките се согласија дека дијаспората треба и може да биде важен фактор и актер во македонската економија, политика, образование, наука, култура и спорт. Тие укажаа на потребата од интегрирање на дијаспората во сите македонски сфери и процеси.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска разговараше со Никица Мојсовска-Блажески, главна извршна директорка на ,,Македонија 2025″ за зајакнување и продлабочување на односите со дијаспората.
Исто така, комплетирањето на регистрите на најуспешните и светски афирмираните ќе обезбеди увид во драгоцениот социјален капитал што го имаме во дијаспората, неопходен за предизвиците неразделни од дигиталната трансформација и вештачката интелигенција.
Претседателката и директорката се согласни дека воспоставување интензивни врски на дијаспората со Социјално-економскиот совет во владата, а особено со Агенцијата за иселеништво, е од исклучително значење за успешна комуникација.