
Денот ќе почне со мечот меѓу Кипар и Сан Марино кои играат во 18 часот, а потоа следуваат дуелите: Андора – Летонија, Англија – Албанија, Малта – Финска, Полска – Литванија, Романија – Босна и Херцеговина.
Македонија утре ги почнува квалификациите, од 15 часот играме на гостински терен кај Лихтенштајн.
Најголемиот дел од силните европски репрезентации уште настапуваат во Лигата на нации, па речиси и да нема дерби натпревар во денешните дуели од квалификациите за СП.
Интересно ќе биде да се види како ќе дебитира Томас Тухел на селекторската позиција на Англија. Тие со почеток од 20:45 часот ја пречекуваат Албанија на Вембли.
Денеска стартуваат квалификациите во Европа за Светското првенство кое ќе се одржи следната година, посебно внимание привлекува мечот на Англија против Албанија бидејќи тоа ќе биде и деби за Тухел на кормилото на англиската селекција.