
Се играше 76. Минута кога по една ситуација во шеснаесетникот главниот судија Глен Ниберг ја прегледуваше ВАР снимката за потенцијален пенал.
Фудбалерите на Бенфика и Монако вчера одиграа возбудлив натпревар кој на крајот заврши без победник 3-3, резултат кој им одговараше на Португалците (поради победата во првиот дуел). На оваа средба видовме и една интересна сцена во која во центарот на вниманието беше главниот судија.Во тие моменти еден од навивачите на трибините во близина извади банкнота од 50 евра за Ниберг да досуди пенал за неговиот тим. Секако, судијата не ја зема банкнотата, но досуди пенал за Бенфика кој во гол го претвори напаѓачот Павалидис.
— ESPN FC (@ESPNFC) February 19, 2025