– „Вчера имаше три пациенти што ги испишавме. Моментално во Клинички центар лежат 25 пациенти, во „8 септември“ се 12, во Градска општа болница 11 и во Штип 1 пациенти. Исписи имаме еден пациент од Штип, еден од Детска Хирургија, три ќе се испишат од Торакална хирургија. Во Систина и Жан Митрев се лекуваат 10 пациенти, од нив 5 денеска се испишуваат“, порача Таравари. За време на седумдневната жалост што ја прогласи Владата, знамињата се на половина копје, откажани се сите музички, забавни активности и настаните во установите од областа на културата, а прилагодена е и програмата на медиумите. Отворени се книги на жалост во Собранието, во МНР и во македонските амбасади низ светот.
Пулс немал хидрантска мрежа, ималo само два ПП апарати, вратата на заедниот дел била затворена и без квака од внатрешната страна, а објектот бил непрописно обложен со материјали за звучна изолација и за визуелни ефекти со лесно согорливи материјали.
Таравари по состанокот со Кризниот штаб информираше дека на лекување се 162 пациенти, а 10 си одат дома денеска.
Инаку, вчера беа погребани жртвите од пожарот во Кочани. Сите 59 лица кои загинаа беа испратени во вечниот дом.
Министерот за здравство Арбен Таравари денеска на прес конференција сподели убава вест среде најтешките денови во Македонија, во поновата историја, дека 10 пациенти од пожарот во Кочани си одат дома, на домашно лекување.