
Министерот за здравство и еден од лидерите на ВЛЕН, Арбен Таравари вели дека се подготвени да го решат прашањето за амблемот и 20%.
Подготвени сме да разговараме за се, за пакетот мерки со кои ќе ги решиме сите прашања останати од минатото“, рече Таравари, одговарајќи на новинарско прашање во врска со промената на државниот амблем.
Таравари рече дека Македонија е една од ретките постсоцијалистички држави чијшто грб не е сменет.
„ВЛЕН е подготвен да зборува за се. За жал, во изминатиов период под тепих се затрупаа многу чувствителни теми. „Подготвени сме да разговараме за пакетот мерки кои се нерешени во последните 20-30 години и да ги решиме во пакетот, зошто да не ги вклучиме и амблемот и химната и 20-те проценти, како и други етнички прашања доколку ги има и да се фокусираме на економијата, евроинтеграциите, антикорупцијата, подобри плати, подобар живот“, потенцира Таравари.
На прашањето што треба да стои на грбот, Таравари одговори дека WLEN се уште не ја отворил оваа тема.