Карадакоски имал 40 отсто изгореници на телото и бил во најкритична состојба од сите пациенти кои се лекуваат во странство. Неговата состојба значително се влошила од 1 април.Во Литванија почина Александар Карадакоски, управителот на дискотеката “Пулс”, кој беше повреден во пожарот во Кочани. Ова денеска го потврди министерот за здравство Арбен Таравари при посетата на Липково.
Пожарот остави со повреди и околу 200 лица, а дел од повредените се на лекување во Клиниките низ Македонија, дел во регионот и странство.
Пулс немал хидрантска мрежа, ималo само два ПП апарати, вратата на заедниот дел била затворена и без квака од внатрешната страна, а објектот бил непрописно обложен со материјали за звучна изолација и за визуелни ефекти со лесно согорливи материјали.
Со смртта на Карадакоски, бројот на почината лица во трагедијата која ја зави цела Македонија, регионот но и светот во црно, се искачи на 60.