
Арсенал доби сериозен удар бидејќи го загуби Каи Хаверц до крајот на сезоната поради повреда.
Кризата со повреди уште повеќе се продлабочува за тимот на Микел Артета, кој сега останува без неколку клучни играчи.
Потсетуваме дека и Габриел Жесус предвреме ја заврши сезоната, поради истата причина. Арсенал има за цел да ја освои титулата во Премиер лигата и до крајот ќе ги одмери силите со Ливерпул.