
„Оперирале речиси четири недели, а главна цел биле домовите на печалбарите, кои се затворени и без луѓе во нив, но не ги поштедиле и другите домови кои во моментот ги нашле празни“, пренесува репортерот на Алсат.
Најголеми кражби над десет се извршени во подрачјето на Желино, но и во Тетово и Гостивар. Полицијата соопшти дека крадците украле се што виделе. Бела техника, работни машини, скапи автомобилски гуми, па дури и тешки машини за обработка на дрво.
„При преземени мерки за расветлување на повеќе кражби и тоа 17 тешки извршени во регионите Желино, Брвеница и Гостивар, од слобода се лишени две лица. Лицето З.Ј. од Желино и А.А. од Тетово. При претреси во нивните домови и помошни простории, пронајдено и одземено е поголемо количество украдени предмети од објекти во изградба, магацини и куќи“, рече Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.
Предметите, како што се наведува во соопштението, биле одземени и ќе им бидат вратени на сопствениците. Секторот за внатрешни работи Тетово и во наредните денови ќе продолжи да им ги враќа украдените предмети на нивните сопственици, додека против двете лица осомничени за кражба е отворена истрага и се очекува да се појават пред истражен судија.
Башким Сулејмани