Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР 95 ќе изнесува 76 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР 98 од утре ќе изнесува 78,5 денари по литар. Литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе чини 68,5 денари по литар.
Регулаторната комисија за енергетика излезе со најновите цени за горивата која ќе важи од вечерва од полноќ.
Малопродажните цени на бензините и на дизелот се намалуваат за 0,5 денари по литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,680 ден/кг, и ќе изнесува 41,025 денари по килограм, додека поевтинува и екстра лесното масло за домаќинство и од утре ќе изнесува 68,5 денари.