
Со десетдневни засилени сообраќајни контроли и зголемен број сообраќајни прекршоци за овој период од почетокот на годинава до сега, бројот на сообраќајни незгоди е всушност намален за 30 отсто, а несреќите со жртви за 60 отсто, нагласи денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој очекува дека продолжувањето на системот „Безбеден град“, кој официјално треба да биде во функција од 1 јануари 2026 година, значително ќе ги намали тие бројки.
„Свесните граѓани, оние кои сакаат да го почитуваат законот, кога знаат дека има засилени контроли, дека има конкретно средство или, да речеме, зголемени физички полициски контроли на местото на настанот, внимаваат како ги возат возилата и поради тоа што можат да бидат казнети, бројот на сообраќајни незгоди е намален за речиси 30 проценти, бројот на тешки телесни незгоди на градот денес е намален за 6 проценти „трибина.