-Како и секаде низ Македонија, и во градот Тетово имаме проблеми со погрешно запирање и со погрешно паркирање на возилата, особено на главните сообраќајници. И сакам да најавам дека во иднина, од наредната недела се надевам ќе започне документацијата на еден нов план којшто ќе треба да даде едно ад-хок решение. Најавувам засилени полициски контроли и засилени полициски проверки во соработка на пајак службата којашто ја има општина Тетово, во делот на сите клучни и витални сообраќајници во рамки на општина Тетово, рече Тошковски.-Се надевам дека секој еден тетовчанец сака колку што е можно побргу да стигне од точка А до точка Б во рамки на општина Тетово. И најголемото мнозинство на тетовчани коишто ги почитуваат правилата, ги почитуваат сообраќајните знаци, паркираат таму кадешто е дозволено. Нажалост поради оние коишто не се мнозинство не можат да си ги остваруваат своите права, односно од паркирањето на возила на кој – кај ќе му текне, од овие малкумина да речеме, Тетово е нефункционално во делот на крвоток и проток на возилата по главните сообраќајници, рече Тошковски.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес-конференција во општина Тетово, заедно со градоначалникот Биљал Касами, најави засилени сообраќајни контроли во Тетово во наредниот период, по примерот на Скопје.
Најавата за засилената активност на сообраќајната полиција доаѓа однапред зашто, како што рече министерот, целта е превенција и функционалност на сообраќајниците во Тетово.