Приведени се пет лица на територијата на СВР Скопје и СВР Тетово, меѓу кои и поранешен министер, како и 11 лица на подрачјето на СВР Штип кои се во краткотраен притвор од 48 часа.Министерот најави дека и денеска ќе бидат приведени голем број лица од различни институции, меѓу кои и МВР.
Вчера бил извршен разговор со градоначалникот на Кочани и ако се утврди дека сторил нешто незаконско, ќе сноси одговорност.
Според министерот Тошковски, пиротехничките средства кои беа причина за пожарот, ги донел бендот ДНК.
Во диското имало 500 лица на продадени 250 билети.
Увидот уште се врши, рече Тошковски, а 45 лица се во критична состојба и се транспортираат во странство.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска соопшти дека досега е извршена обдукција на околу 15 лица кои настрадаа во дискотеката во Кочани.
-Македонија нема систем со правила на игра кои би превенирале ваков ужасен настан. Имаме системски слабости кои оневозможуваат контрола. Констатиравме дека системот во Македонија е корумпиран на тоа ниво што можеме да кажеме дека има катастрофална состојба на постапување на институциите, потенцира Тошковски.
– Концертот било одржан на диво, без писмен договор со изведувачите, истакна Тошковски.