Трамп вели дека војната во Украина може да заврши за неколку недели ако сме паметни
„Мислам дека војната во Украина може да заврши наскоро, за неколку недели, ако сме паметни“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба.
„Ако не сме паметни, ќе продолжи…не го сакаме ова“, вели тој, додавајќи: „Запомнете што реков, ова може да ескалира во трета светска војна, ние не го сакаме ниту тоа.
Трамп сподели неодамнешен телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, за време на кој лидерите се согласија да започнат преговори за ставање крај на војната во Украина, објави Би-Би-Си.