
Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна зборуваше за медиумите.
Говорејќи на полагањето заклетва на неговиот нов секретар за трговија, тој рече дека Владимир Путин и Володимир Зеленски треба да работат заедно.
Тој, исто така, го повтори своето тврдење дека Русија сака да постигне договор, а разговорите меѓу Вашингтон и Москва ќе започнат во вторник во Саудиска Арабија.
Се дознава дека Трамп исто така додал дека договорот за минерали е близок со Украина – повторувајќи ги коментарите дадени неколку часа претходно од неговиот советник за национална безбедност.
Инаку, Зеленски ги отфрли американските барања за минерално богатство во замена за финансиска помош.
Меѓу другото, тој изјави дека Вашингтон ја снабдува неговата земја со 67 милијарди долари оружје и 31,5 милијарди долари директна буџетска поддршка во текот на целата војна.