
Поради ужасната трагедија во Кочани, трите распродадени концерти на Здравко Чолиќ со Симфониски Оркестар, кои требаше да се одржат на 18, 19 и 21 март во Скопје, се одложени и ќе се реализираат на 2, 3 и 4 јуни во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.Сите веќе купени влезници важат соодветно за новите термини и истите не треба да се заменуваат. За оние купувачи кои поради оваа промена не можат да присуствуваат на концертот, ќе биде овозможена рефундација на билетите, за што треба да испратат барање, од 26 март до 6 април, на и-мејл: [email protected] .Во знак на поддршка и помош на семејствата на настраданите и повредените во Кочани, дел од средствата од овие концерти ќе бидат донирани за нив.Легендарниот Здравко Чолиќ, по 6 години ќе се врати во Скопје, а овој пат, тој пристигнува со дури 50 врвни музичари, големите инструментални солисти на новосадскиот Биг бенд и оркестарот на операта на Српскиот народен театар од Нови Сад. Пред македонската публика, Здравко Чолиќ премиерно ќе настапи во ваков состав и со концертна вечер во која низата големи хитови од сите фази на неговата кариера, ќе бидат изведени со поддршка од симфонискиот оркестар, во специјално избраниот репертоар и исклучителните аранжмани, зад кои се потпишува диригентот Федор Вртачник.Бидејќи со оваа промена и третиот концерт ќе се одржува во арената „Борис Трајковски“, наместо во СЦ „Јане Сандански“, поради поголемиот капацитет на салата се отвора можност и за дополнителни билети кои се достапни во продажните места на МкТикест и онлајн на следниот линк: https://mktickets.mk/event/zc3/Поради форматот на овие концерти, арената „Борис Трајковски“ на 2,3 и 4 јуни ќе биде исполнета исклучиво со места за седење.