– „Еден од критичните пациенти е многу подобар. Кај некои од пациентите има флуктуација во здравствената состојба“, посочи Таравари.Министерот за здравство, Арбен Таравари, денеска на прес-конференција информираше за состојбата на повредените од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани. Од 193 лица повредени во дискотеката, остануваат само 100 на лекување во домашните и странските болници.
Таравари кажа дека очекуваат враќање на повеќе пациенти од странските болници во текот на неделата.
Денеска пак, се враќаат двајца пациенти – од болниците во Полска и Шведска.
Тројца од повредените се во критична состојба, што значи дека едно лице е во подобра состојба.