
Канадскиот премиер Џастин Трудо реагираше на социјалната мрежа Фејсбук по неуспехот на средбата меѓу американскиот претседател и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Трудо пишува дека Русија незаконски и неоправдано ја нападна Украина. Канадскиот премиер понатаму напиша дека борбата на Украинците за демократија, слобода и суверенитет е борба која е важна за сите.
„Русија незаконски и неоправдано ја нападна Украина. Веќе три години Украинците се борат со храброст и истрајност. Нивната борба за демократија, слобода и суверенитет е борба која ни е важна на сите нас. „Канада ќе продолжи да стои со Украина и Украинците во постигнувањето праведен и траен мир“, напиша канадскиот премиер Џастин Трудо .