
Очигледно Игор Тудор има огромна желба да седне на кормилото на Јувентус, па направил многу отстапки.
Исто така се говори дека во договорот има клаузула со која Јувентус ќе може да ја прекине соработката со Игор Тудор и пред почетокот на Светското клупско првенство, кое ќе почне во јуни месец, и на тој начин стратегот да не го дочека ниту крајот на сезоната.
Хрватот беше помеѓу првите кандидати за наследник на Тијаго Мота, главен ривал му беше Роберто Манчини, и се чини дека на крајот пресуди флексибилноста околу условите за соработката.
Ќе има опција договорот да биде продолжен и во сезоната 2025/26, но оваа опција е само во корист на Јувентус, па „старата дама“ целосно ќе одлучува за тоа кој ќе го води тимот ов новата сезона.
<span>Можеби ќе ве интересира</span>
Се чини повеќе нема дилеми, Игор Тудор ќе биде новиот тренер на „старата дама“, се очекува стратегот вечерва да пристигне во Торино.
Тој прифатил краткорочен договор до крајот на сезоната, без обврска истиот да биде продолжен во случај на топ 4 пласман и место во Лигата на шампиони.