
Северномакедонската полиција поднесе кривична пријава против градоначалникот на Делчево за злоупотреба на службената положба при спроведување на тендер во 2019 година.
„Кривична пријава против 53-годишниот Г.Т од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена должност и овластување“, казниво дело чл.353 ст.3 и 1.в.в.
Тој е осомничен дека не ги почитувал правилата при изборот на понудувач во април 2019 година на тендерска постапка за набавка на масла и автоделови.
Инаку, Општина Делчево од 2017 година ја води Горан Трајковски.(Portalb.mk)