
Министерството за внатрешни работи соопштува дека при претрес на 37-годишен тетовец биле пронајдени три тегли со марихуана, јавува ТВ21.
„На 21.02.2025 година во 16,55 часот во Тетово, од страна на полициски службеници од СПБ-Тетово е лишен од слобода М.М.(37) од Тетово. При претрес во неговиот дом и помошни објекти, извршен по судска наредба, пронајдени и одземени се четири тегли марихуана, разни апоени пари и други предмети за кои постои сомневање дека се криминални реквизити. „Лицето е приведено во полициска станица, за настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти Министерството за внатрешни работи.