
Токму тука доаѓа разочарувањето за неутралните навивачи, бидејќи двете дерби пресметки се паднаа да играат во ист ден. Арсенал против Реал Мадрид и Баерн Минхен против Интер се сметаат за највозбудливи парови, а УЕФА ги спои во исти натпреварувачки денови…
Европската фудбалска федерација ги одреди термините за натпреварите од четвртфиналната фаза во Лигата на шампионите.
Повеќе нема да се користи терминот од 18:45 часот во кој се играа натпревари од главната фаза, плеј-офот и осминафиналето. Сите средби ќе бидат во централниот термин од 21:00, а во четвртфиналето ќе се играат по два меча дневно.
- Термини за четвртфиналните натпервари во Лигата на шампионите:
9 април (среда), 15 април (вторник)
ПСЖ – Астон Вила
Барселона – Борусија Дортмунд
8 април (вторник), 16 април (среда)
Арсенал – Реал Мадрид
Баерн Минхен – Интер