
„На Вембањама му беше откриена длабока венска тромбоза во десното рамо. Ова беше откриено по неговото враќање од Олстарот во Сан Франциско. Се очекува Виктор да го пропушти остатокот од сезоната“, соопшти Сан Антонио.
Екипата од Тексас ги информира навивачите дека ќе биде ослабена поради тоа што Вембањама мора да го пропушти остатокот од сезоната за да не ризикува дополнителен проблем.
Сан Антонио спарс преку социјалните мрежи соопшти дека најдобриот кошаркар на тимот, Виктор Вембањама ја завршил сезоната, откако на медицински прегледи му била констатирана длабока венска тромбоза.