Во наредните денови продолжува периодот на релативно топло време за овој период од годината. До вторник ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Во вторник кон крајот на денот и во среда ќе има локални врнежи од дожд и ќе дува засилен јужен ветер.
Времето утре наутро ведро и постудено, преку денот сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 22 степена.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.