Следните денови следува период на претежно сончево и релативно топло време со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст, особено во втората половина од оваа седмица кога наместа ќе надминуваат 20 степени.
Времето утре наутро ведро и постудено, преку денот претежно сончево и потопло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти УХМР.