Според прогнозата на УХМР, следува период на топло време со пораст на температурите. За разлика од дождот и снегот кои со недели ги расипуваа, плановите, освен во сабота кога повторно ќе врне и ќе дува ветер со брзина од 70 км на час, времето ќе биде сончево и температурите ќе растат.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 11 до 19 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во источните делови и долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.