
Италијанскиот селектор остана без уште две имиња во тимот, бидејќи поради повреда од комбинација за настап отпаднаа Матија Закањи и Андреа Камбијасо кои делуваат по крилните позиции.
<span>Можеби ќе ве интересира</span>
Поради тоа Спалети реши да повика една замена, а тоа е Раул Беланова. Офанзивниот бек на Аталанта ќе се обиде да го надополни отсуството на двајцата кои последни откажаа.
Инаку, претходно на Италија ѝ откажа Федерико Димарко кој е најдобар бек во тимот.