Уште еден хорор ја потресе Македонија. Полициски службеници од СВР Штип вчера во 17.05 часот го лишиле од слобода болничарот Т.Ј. (60) кој се сомничи дека на работното место во Клиничката болница – Штип допирал по телото малолетничка од Радовиш, која била на пракса во болницата.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Како што информира СВР Штип, Т.Ј. е задржан во полициска станица, а за случајот е запознаен јавен обвинител.