
На овој состанок, Сеск Фабрегас исто така опипал терен за уште неколку слични зделки, односно можноста да ангажира уште три таленти од школата на „кралевите“ – напаѓачот Гонзало, дефанзивецот Џејкоб Рамон и фудбалерот од средниот ред Чема Андрес.
Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Сеск Фабрегас имал средба со Карло Анчелоти, тренерот на Комо прави напори да го задржи талентираниот Нико Паз, ја искористил приликата и да опипа терен за ангажман на три таленти од школата на „кралевите“.
<span>Можеби ќе ве интересира</span>
Талентираниот Нико Паз е едно од најпријатните изненадувања во Калчото оваа сезона, младиот Аргентинецот е помеѓу најдобрите 10 играчи во Серија А според оценките кои ги добива за своите настапи.
Се говори дека Интер сериозно загризал за услугите на офанзивниот фудбалер и директорот Хавиер Занети неодамна беше уловен на вечера со таткото на Нико Паз, двајцата се познаваат 30 години, од времето кога заедно настапуваа во дресот на „гаучосите“.
Сеск Фабрегаз побарал од Карло Анчелоти да го добие Нико Паз уште една сезона и тренерот на Реал нема ништо против Аргентинецот да игра во Комо до летото во 2026, верува дека ова е позитивно сценарио и за самиот играч, но и за двата клуба.