
Во нехумани услови, на -10 степени Целзиусови, тимот од Флорида славеше со 1-0, а голот за победа го постигна токму аргентинскиот ас. Натпреварот беше одложен за 24 часа и одигран ноќеска, место ден претходно, поради снежната бура што го зафати Канзас Сити, но временските услови не беа ништо подобри.
Реваншот се игра во вторник во Мајами, а победникот од овој двомеч, во осминафиналето од Лигата на шампионите ќе се сретне со Кавалиер од Јамајка.
Голот за одлука падна во 56. минута кога Серхио Бускетс упати една длабинска топка кон Меси, овој ја прифати и смири меѓу двајца противнички фудбалери, потоа си отвори простор и со десната нога ја затресе мрежата на домашниот тим.