
„Ве известуваме дека концертот на Филхармонијата на ДММ, планиран за 3 април, ќе биде одложен поради актуелните случувања во институцијата поврзани со промената на раководството. Со ова, целокупната програма на фестивалот се поместува за периодот септември-октомври 2025. Во наредниот период, во координација со националните институции, ансамблите и солистите, ќе ги објавиме новите термини за концертите од фестивалската програма“, соопштија од СОКОМ.Концертот „100 години од раѓањето на Властимир Николовски и Кирил Македонски“, кој беше закажан за 3 април во рамките на фестивалот „Денови на македонска музика“, се одложува за есенскиот период, објави СОКОМ.На овој концерт како диригент беше најавен Борјан Цанев, а како солистка – сопранистката Мила Јаневска. Очекувањата се дека есенското издание на фестивалот ќе ја донесе истата високо-квалитетна програма и ќе им овозможи на љубителите на класичната музика да уживаат во делата на македонските музички великани.