Како што посочуваат, на располагање се ставени сите капацитети на Управата за финансиска полиција за потребите на оваа акција, која има за цел да открие евентуални неправилности и нелегални активности во работењето на овие објекти.– Во тесна координација сме со сите институции и работиме посветено на целосно отстранување на сите неправилности во насока на обезбедување на почитување на законите и регулативите. Се преземаат сите потребни мерки и активности за санкционирање на секој вид на неправилности кои ќе бидат утврдени во текот на акцијата, стои во соопштението од Управата за финансиска полиција.
Акцијата се фокусира на утврдување на финансиски проневери, избегнување на даночни обврски, нелегално работење и други неправилности во финансиското работење на угостителите. Паралелно со ова, се додава во соопштението, истражните органи се насочени кон откривање на сите аспекти кои би можеле да доведат до санкционирање на оние кои не ги почитуваат законите и регулативите.
Управата за финансиска полиција денеска соопшти дека активно е вклучена во големата акција за проверка на работата на објектите кои функционираат како кабареа, дискотеки и ноќни клубови низ земјава и постапува согласно со своите законски надлежности.