<span>Можеби ќе ве интересира</span>
Од оваа сума, 525 милиони долари ќе бидат поделени на клубовите за учество, со тоа што секој клуб ќе добие соодветна сума на основ на спортските успеси и популарноста, односно маркетинг привлечност..
Од 12. јуни до 13. јули во САД ќе се одржи новото Светско клупско првенство на кое учество ќе земат 32 клубови.
ФИФА денеска ги откри финансиските детали, ќе бидат поделени 1 милијарда долари.

ФИФА нема да земе ниту еден долар од ова ново натпреварување, а во зависност од тоа каков ќе биде комерцијалниот успех, светската куќа на фудбалот сака да подели и 250 милиони долари на сите клубови во форма на солидарен фонд.

Светската куќа на фудбалот ги откри финансиските детали за новото Светско клупско првенство, наградниот фонд е рекорден ако во предвид се земе фактот дека еден клуб може да одигра најмногу седум натпревари.
475 милиони долари ќе бидат поделени во зависност од постигнатите резултати на турнирот, и секој клуб ќе добие иста сума.