Неофицијално, тој се вратил дома да се одмори, но за жал не се разбудил.
– Нашиот Иле не напушти прерано. Другар кој несебично се даваше. Не знаеше да каже не. За него немаше невозможно. Ќе биде другар. Што и да напишам е малку. Царство небесно ангелу наш…стои во друга објава.
– Иле што да се пише за тебе? Се е малку, премалку… Човек планина! Човек со душа, даде се од себе вчера да спаси млади и неини човечки души. На крај не напушти и ти. Почивај во мир, стои во една објава од пријател.
Се очекуваат повеќе детали.
Иле Гоцевски со години бил возач на Брзата Помош, а вчера цел ден го поминал помагајќи.
Уште еден шок во Кочани утринава по веста дека починал и возач на Брза Помош кој цел ден превезувал повредени од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани.
– Другар Иле зошто замина прерано? Беше пријател, другар, сограѓанн, секогаш насмеам и подготвен да помагаш. Почивај во мир, стои во објава од пријател.
Неговите пријатели се простуваат од него на социјалните мрежи.