„Одделот за сузбивање организиран криминал и корупција при Бирото за јавна безбедност (БЈБ), МВР, во координација со ОЈО за ГОКК, по наредба на судија на претходна постапка врши претреси на локации во Скопје и низ државата во врска со сторени кривични дела поврзани со сомнителна набавка на деривати, штета од големи размери на буџетот на државата и штета врз здравјето на луѓето“, велат од полицијата, без да откријат повеќе детали.
Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ја води истрагата во која се испитуваат злоупотреби при набавка на деривати.
Покрај Ратко Капушевски, вториот приведен попладнево е и сопственикот на Пуцко Петрол, Асмир Јахоски, дознава неофицијално Прес24.