
„Вие навистина покажувате со прст на важно прашање со гласањето на Македонија во Њујорк, што беше неочекувано за нас. Мислам дека треба да се фокусираме на темата што е важна. Неопходно е да се излезе од конфликтот во Украина, но има и една поважна тема, а тоа е вредноста што ние денес во Европа ја даваме на територијалниот интегритет, почитувањето на суверенитетот, империјализмот на еден сосед кон друг, до степен да го негираме неговото постоење, идентитет и јазик, а тоа е тема која бара единствен и обединет европски одговор.
„Целта на европската дипломатија е токму да го зачува тој унитарен и ист и заеднички пристап што ќе обезбеди безбедност за европскиот континент во наредните години за нас и нашите деца“, рече Ле Риголер одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата по повод презентацијата на програмата за овогодинешната прослава на Франкофонијата.
Владата одлучи Македонија да гласа „воздржано“ и на двете гласања, и на американската резолуција и на европско-украинската резолуција за војната во Украина.