
Според информациите во повеќе спортски портали, натпреварот во Тетово бил прекинат во 75-та минута, откако гостинските фудбалери го нападнале главниот судија Марјан Младеновски.
„На 26.03.2025 во 19.00 часот во СВР Тетово, М.М.(38) од Скопје пријавил дека околу 17.00 часот на стадион во Тетово, за време на фудбалскиот натпревар помеѓу Ф.К.,, Тетекс“ од Тетово и Ф.К.,, Влазрими“ од Кичево, на кој бил судија, при прекин на играта бил физички нападнат од физиотерапевтот Ј.С. и голманот В.Н., двајцата од гостинската екипа. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот“, информираат од СВР Тетово.
Судијата на фудбалскиот натпревар во Трета лига Запад меѓу Тетекс и Влазрими пријавил во тетовската полиција напад дека бил нападнат од гостинската екипа од Кичево. Судијата бил нападнат откако досудил пенал за Тетекс, по што реагирале од кичевскиот клуб.
МИА
Според истите извори, инцидентот се случил при резултат 0:0 кога Младеновски досудил пенал за Тетекс. Фудбалерите на Влазрими прво вербално го нападнале па одлучиле да се повлечат, а судијата Младеновски бил нападат кога ги повикал да се вратат на теренот.