
„Решението е ослободување на палестинските затвореници истовремено со телата на израелските заложници убиени во првата фаза од прекинот на огнот“, објави исламистичката група.
Хамас објави дека неговата делегација, предводена од шефот на групата Калил Ал-Хаја, ја повторила својата посветеност на договорот за прекин на огнот „со сите фази и клаузули“.
„Тие (палестинските затвореници) ќе бидат ослободени истовремено со телата на израелските затвореници (заложници) кои се согласија да се предадат во првата фаза“, објави Хамас.
Израел во саботата го откажа ослободувањето на 620 Палестинци, откако Хамас понижувачки ослободи израелски заложници.
Првата фаза од договорот за прекин на огнот, започната со американска поддршка и помош на египетските и катарските посредници на 19 јануари, треба да заврши во сабота.
Претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф, би можел да пристигне во регионот оваа недела во обид да обезбеди продолжување на кревкиот прекин на огнот постигнат по 15 месеци војна.