
Покрај ударите на Батурина и Станишиќ вчера во првиот натпревар тој го запре и ударот на Андреј Карамариќ.
Францускиот голман Мајк Мањан вчера ги одбрани ударите на Мартин Батурина и Јосип Станишиќ во пенал-серијата, додека Фрањо Ивановиќ промаши. Со тоа Мањан во два натпревари одбрани три удари од белата точка на хрватските фудбалери.
<span>Можеби ќе ве интересира</span>
„Сакавме да се реваншираме. Хрватите во првиот натпревар правеа што сакаат и тоа ја повреди нашата гордост. Во пеналите треба да земете простор на голот, се е во главата и погледот. Сакам да правам се што ми е дозволено за да им пречам на изведувачите“, изјави Мањан.
Според податоците на „Трансфермаркт“ 29-годишниот голман во текот на кариерата одбранил 13 пенали,а бил совладан 47 пати. Во оваа статистика се сметаат само пеналите во регуларниот дел и продолженијата.