
Со Германија го освои Мундијалот во 2014 година.
„Се борам со емоциите. Доаѓа моментот кој ниту еден фудбалер не може да го избегне. По 18 години и толку работи кои фудбалот ми ги даде, ја завршам кариерата на лето“, објави Хумелс.
За репрезентацијата на Германија настапи на 78 натпревари и постигна пет голови. Од клупските трофеи освои пет титули во Бундеслигата и три купа на Германија, двапати играше во финалето од Лигата на шампионите, но и во двете финалиња со Борусија беше поразен.
Хумелс во редовите на Рома пристигна како слободен фудбалер по истекот на договорот со Борусија Дортмунд и потпиша договор на една година, а по истекот на истиот нема да продолжи со фудбалот.
Фудбалерот на Рома, Матс Хумелс донел одлука да ја заврши кариерата на крајот на актуелната сезона.
Крај на кариерата Хумелс става на 36 години, а настапуваше уште за Баерн и Борусија Дортмунд.