
Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски, на маргините на Минхенската безбедносна конференција, разговараше со шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев. Ова е прва средба на двајцата министри по изборот на новата Влада во Софија, но двете страни остануваат цврсти на своите позиции. Македонската страна со ретроактивни уставни измени, а бугарската страна вели дека нивните црвени линии се јасни и нема да прават повеќе отстапки.
Уставните измени се факт, а актуелната власт работи во оваа насока за да добие гаранции дека нема да има билатеризација на процесот. Ова во интервју за ТВМ го изјави евроамбасадорот во земјава Михалис Рокас.
На Минхенската безбедносна конференција, македонската делегација ја предводеше премиерот Мицкоски, кој покрај Муцунски го придружуваа и министрите Тошковски, Муртезани и Мисајловски. Мицкоски на конференцијата утре ќе има говор, а денеска се сретна со хрватскиот премиер Пленковиќ и претседавачот Хојсген.