
Тоа ѝ успеа на јуниорската селекција на Црна Гора, односно онаа до 19 години налето ќе игра на Европското првенство.
Европското првенство за играчи до 19 години ќе се одигра од 13 до 26 јуни.
Црна Гора првпат ќе има своја репрезентација на едно големо натпреварување.
Црногорците до овој пласман стигнаа со победа над Грузија од 1-3 во квалификациската група во која играа уште Полска и Словачка. Никогаш претходно било која репрезентација од оваа земја не се пласирала на едно големо натпреварување.