
Аталанта доживеа изненадувачки пораз во Белгија, бидејќи Италијанците беа поразени со 2-1 од Клуб Бриж, меч кој важеше за првиот натпревар од плеј-офот на Лигата на шампионите.
Домашните погодија по 15 минути игра, преку Феран Јутгла. Избраниците на Гасперини успеаја да израмнат преку Пашалиќ во 41. минута.
Хиен прими пенал доцна во мечот и му даде шанса на Бриж да победи, благодарение на голот на Нилсон.
Реваншот се игра на 18 февруари.