
Хироки Ито има кошмарна прва сезона во Баерн Минхен, дефанзивецот изминатиов викенд по втор пат заработи повреда на метатарсалната коска на десната нога.
Минатото лето, Хироки Ито стана првото засилување на Баерн Минхен во ерата на Винсент Компани, но Јапонецот има кошмарна сезона на „Алианц Арена“.
Но Хироки Ито доживеа нов пех, во саботата против Сент Паули тој повторно ја повреди метатарсалната коска на десната нога и за него сезоната е завршена.
Новиот пех на Хироки Ито доаѓа во лош момент за Баерн Минхен, кога пред двомечот со Интер во Лигата на шампиони останаа и без Алфонсо Дејвис и Дајот Упамекано.
<span>Можеби ќе ве интересира</span>
„Само што се врати од рехабилитација која траеше неколку месеци и сега го чека нова долга пауза, па можеме само да замислиме што се му поминува низ глава“ – вели спортскиот директор Мак Еберл.