„Во најголем дел од општините над 90% темелни проверки се извршени, многу беше важно за мене како претседател на ЗЕЛС но и за останатите колеги најпрво да ја смириме нацијата, од аспект што родителите треба да знаат дека децата им одат во исправни училишта, да знаат дека најмладите во градинките се безбедни, затоа првата фаза во којашто влеговме темелно да ја испитаме односно проверки да извршиме беа објектите од јавен карактер којшто се надлежност од општините“, рече Ѓорѓиевски.
„Ставот заеднички на сите колеги онаму кадешто се утврдени аномалиите треба да си постапат директорите на училиштата во соработка со локалната самоуправа и да бидат отстранети тие недостатоци. Проверките се одвиваат на два начини од една страна онаму кадешто има доволно служби којшто можат тие проверки да ги извршат, и извештаите се дека секаде е онака како што треба односно дека ја поседуваат потребната документација, доволни излези, ПП опрема, и сето тоа бараме да биде поткрепено со записници. Јас од кога сум градоначалник во мојата општина, секоја година иако не е облигаторно во законот се вршени инспекциски контроли и така треба да функционираат сите општини, кај нас имало одговорно постапување но има општини кадешто не секоја година се вршени контроли“, објасни Ѓорѓиевски.
На телевизија Сител во Тема на денот гостуваше претседателот на ЗЕЛС и градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, кој ја образложи работата на ЗЕЛС во изминатите денови и темелните проверки во општините со цел да биде загарантирана безбедноста на граѓаните.
Ѓорѓиевски објасни дека на седница на Совет ќе биде предложено ставка која преку ребаланс на буџет ќе може да се субвенционираат одредени згради кои немаат хидрантска мрежа, и како резултат на оваа помош ќе има засилени казни.
Ѓорѓиевски објасни дека за аномалиите утврдени во одредени училишта треба да постапат директорите во соработка со локалната самоуправа, со цел да бидат отстранети тие недостатоци и посочи дека од кога е градоначалник на општина Кисела Вода, секоја година се вршени инспекциски контроли.
„На крајот на месецов на седница на Совет јас ќе предвидам преку ребаланс на буџет ставка во којашто ќе субвенционираме, да може во оние згради каде што нема хидрантска мрежа да се постави, ќе најдеме начин да го помогнеме процесот но кога веќе ќе помогнеме во тој процес, тоа ќе значи безмилосни санкции понатаму за секој оној којшто нема да го спроведе она што треба да го спроведе“, дециден е Ѓорѓиевски.
Ѓорѓиевски на самиот почеток потенцираше дека во 90% од општините се извршени темелни проверки во училиштата и градинките како и на сите објекти од јавен карактер и исто така посочи дека училиштата и градинките се исправни и безбедни.