Исто како и минатото лето, Барселона има за цел да направи големо засилување во 2025 година и позицијата која сака да ја засили е левото крило на нападот.
Спортскиот директор Деко смета дека недостига длабочина на таа позиција, каде освен Рафиња кој покажува одлична форма оваа сезона, Ханси Флик нема многу опции.
Деко јасно стави до знаење дека Луис Дијаз е неговиот префериран кандидат за засилување на Барселона на левото крило, и покрај лошата форма на Колумбиецот во однос на головите оваа сезона.
47-годишниот играч верува дека Дијаз ќе биде достапен ова лето и поради тоа би можел да се постигне договор со Ливерпул во текот на летото, објави Спорт .
Според извештајот, Ливерпул ќе размислува за продажба на Дијаз, но нема да биде подготвен да го прифати неговото заминување за помалку од 70-75 милиони евра.
Тоа значи дека Барселона ќе мора да заштеди најмалку 30 милиони евра на салари капа, бидејќи нивните финансиски проблеми се добро документирани.
Челниците на Барселона ова го гледаат како нешто остварливо, со оглед на тоа што на лето може да се продадат голем број играчи.
Имиња како Андреас Кристенсен, Алекс Вале и Ерик Гарсија се меѓу играчите кои би можеле да бидат продадени за да генерираат средства, додека постои желба да се ослободи и од Ансу Фати.