Со консумирање мандарини го поттикнуваме производството на бели крвни зрнца кои се борат против бактериите и вирусите. Исто така, флавоноидите кои ги содржат мандарините имаат антиинфламаторно и антиоксидантно дејство, штитејќи го организмот од болести.
Мандарините се многу повеќе од обично слатко овошје – тие се вистинска хранлива бомба. Овие цитруси се богати со витамин Ц, влакна и антиоксиданси кои значително помагаат во зајакнување на имунитетот.

Истражувањата покажуваат дека консумирањето само две мандарини дневно може да ја подобри отпорноста на организмот на инфекции и болести. Витаминот Ц, клучен е за борбата против слободните радикали, помага во зајакнувањето на имунолошкиот систем, пренесува klix.ba.
Ова овошје е исто така богато со влакна, кои го подобруваат функционирањето на дигестивниот систем и помагаат да се исфрлат токсините од телото.