Унгарскиот министер вчера во изјава за медиумите рече дека процесот на пристапување во Европската Унија треба да биде објективен и да се заснова на мерит критериуми.Унгарскиот министер за ЕУ прашања Јанош Бока, кој од вчера е во посета на Северна Македонија, денеска ќе одржи заедничка прес-конференција со неговиот македонски колега Орхан Муртезани. Прес-конференцијата е закажана во 10:15 часот.
Тој вчера одржа предавање на Универзитетот Скопје, во кое истакна дека Европската Унија се наоѓа пред нова ера и дека се потребни промени за адаптација на новата реалност.
– Република Северна Македонија е земја-кандидат од 2005 година и верувам дека вистинското место на земјата веќе требаше да биде ЕУ. Се надевам дека постоечкиот билатерален спор со Бугарија ќе биде надминат што е можно поскоро, а Унгарија им стои на располагање на двете страни за да помогне во тоа, рече Бока.