
„Оваа ситуација ја сфаќаме сериозно и искрено. Ќе вложиме максимални напори за одржување на безбедна и чиста животна средина. И двата погодени ресторани беа привремено затворени за да се спроведе контрола и инспекција на штетници“, соопшти компанијата.
Но, иако фотографијата со стаорец во чинија супа кружи на интернет од јануари, „Сукија“, како што пренесуваат западните медиуми, го потврди инцидентот на крајот на март.
МИА
Популарниот јапонски синџир ресторани „Сукија“ во саботата ги затвори речиси сите свои 2.000 гостилници на неколку дена, заради темелна дезинфекција и дератизација, откако во храната се пронајдени стаорец и инсект, пренесува „Си-ен-ен“.
„Сукија“ е најголемиот јапонски синџир за „Ѓудон“ (порции со говедско), но по случајот со инсекти најдени во објект во предградие на Токио во петокот, привремено ги затвори своите ресторани, и тоа ќе важи од 31 март до 4 април. Само пред неколку недели стаорец беше пронајден во чинија „Мисо“ супа кон крајот на јануари во ресторан во Тотори, западна Јапонија. Следствено, компанијата им се извини на гостите за „големата непријатност и загриженост“, се вели во објавата на „Икс“.