
Поранешниот француски дефанзивец кој настапуваше за Валенсија, Барселона, Спортинг… сега по крајот на кариерата работи во продавница за спортска опрема.
<span>Можеби ќе ве интересира</span>
Двајца фанови се фотографираа со Матје во продавница на „Интерспорт“ во Шпанија, каде што тој остана да живее по фудбалската кариера. На фотографијата се гледа поранешниот фудбалер во униформата на оваа продавница, а извезено е и неговото име.
Освен за Барселона, Валенсија и Спортинг, Матје во кариерата играше уште за Сошо и Тулуз во родната земја.