
„Старата дама“ е во криза откако забележа два тешки порази во пресметките со Аталанта и Фиорентина, па беа одржани неколку состаноци.
Последните информации велат дека спортскиот директор Кристијано Џинтоли имал нов состанок со Тијаго Мота на кој бил поставен нов ултиматум, односно стратегот не треба да експериметиран со тактиката, плус Душан Влаховиќ и Кенан Јилдиз повторно да бидат главни играчи во составот.
Исто така, Кристијано Џинтоли планира да разговара со секој фудбалер поединечно, за да им стави до знаење дека и тие треба да преземат вина за слабите резултати.
<span>Можеби ќе ве интересира</span>
Раководството на Јувентус веднаш се стретна со Тијаго Мота и побара две работи од тренерот – да ја подобри стабилноста на дефанзивата и да го подигне тимскиот дух.
Србинот често е во втор план изминатиов период, додека пак Кенан Јилдиз повеќе не блеска како што тоа го правеше на почетокот од сезоната.